Свет 07. јануари 2021. / 19:55

Бајден им честиташе Божиќ на православните христијани

Бајден им честиташе Божиќ на православните христијани

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, во соопштение денеска ги поздрави православните христијани по повод православан Божиќ.

-Заедно со Џил пожелуваме среќен Божиќ на православните христијани во САД и насекаде низ светот. Ова заветно време годинава изгледа поинаку од сите претходно. Многу семејства ги оплакуваат блиските, чие место на трпезата останува празно, или се откажуваат од омилените празнични традиции заради заемна безбедност. Уште повеќе, со славењето на раѓањето на Исус Христос ние помниме како верата, надежта и љубовта продолжуваат да го осветлуваат патот дури и во најтемните денови, и не крепат во моментите на најтешки искушенија, изјави Бајден.