Свет 04. март 2021. / 09:55

Бајден го нарече укинувањето на носење маски неандерталско однесување

Бајден го нарече укинувањето на носење маски неандерталско однесување

Американскиот претседател Џо Бајден ги критикуваше одлуките за ублажување на мерките против ковид-19 на гувернерите на сојузните држави Тексас и Мисисипи и ги нарече „неандерталско размислување“ во ситуација во која се поголем е бројот на починати лица од пандемијата на коронавирус, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Агенцијата наведува дека Бајден на новинарско прашање – дали има порака за гувернерите на Тексас и на Мисисипи кои го укинаа задолжителното носење на заштитни маски, рече дека тоа е голема грешка и оти сите досега сфатија колку е значајна маската за превенција од коронавирус.

– Последната работа што ни треба е неандерталско размислување од типот – се е во ред, тргнете ги маските. Заборавете на тоа. Сè уште е важно да се носат, рече Бајден пред состанокот со демократките и со републиканските застапници што е посветен на борбата против карциномот.

Ројтерс“ пренесува дека и став на гувернерот на Мисисипи кој, во одговор на изјавата на Бајден, за ТВ „Фокс њуз“ порача дека во таа сојузна држава нема повеќе здравствена криза и нагласи оти повеќе сака да види поголема верба на претседателот во Американците наместо повеќе да ги навредува.

Гувернерот на Тексас, републиканецот Грег Абот ја укина обврската за носење на маска додека демократската гувернерка на Мичиген, Гречен Витмер го ублажи ограничувањето на бројот на гости во рестораните и дозволениот број на лица на јавни и приватни собири.

Од ковид-19 во САД досега починаа над пола милион луѓе, а дневниот број на заразени надминува 50.000, иако досега се аплицирани речиси 100 милиони дози од анти-ковид вакцините, нагласува „Ројтерс“.