Свет 05. септември 2019. / 11:59

Бахами под вода: Ураганот Доријан продолжува да пустоши

Бахами под вода: Ураганот Доријан продолжува да пустоши

Се проценува дека повеќе од 60 проценти од островот Гранд Бахама е под вода.

Финскиот стартап ICEYE објавил сателитска фотографија која ја покажува состојбата на Бахамите откако ги опустошил ураганот Доријан.

Овој е втор најголем ураган досега. Доријан потопил дел од островот, а сателитските снимки покажуваат колку навистина е драматична состојбата.

Седум лица загинаа на Бахамите, а илјадници жители останаа без дом по ураганот Дорјан.