Свет 05. декември 2018. / 23:02

Бачелет: Неопходно е за Кашоги да се спроведе меѓународна истрага

Бачелет: Неопходно е за Кашоги да се спроведе меѓународна истрага

Комесарката на ОН за човекови права, Мишел Бачелет, изјави дека е неопходна меѓународна истрага за, како што рече, ужасното убиство на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

– Бараме меѓународна истрага, а истото тоа му го соопштивме и на генералниот секретар на ОН дека сметаме дека тоа е неопходно да се спроведе меѓународна истрага. – рече Бачелет на конференција по повод 70-годишнината од усвојувањето на Меѓународната декларација за човекови права.

Таа посочи дека нејзиниот оддел нема право да спроведе кривична истрага.

– Јас навистина верувам дека тоа е потребно во смисла на утврдување на она што всушност се случило и кој е одговорен за ова ужасното убиство. – рече Бачелет.

Кашоги беше убиен на 2 октомври во саудискиот конзулат во Истанбул. Досега, 18 Саудијци беа уапсени во врска со убиството, а телото на новинарот сè уште не е пронајдено.