Премиерот Андреј Бабиш изјави дека Република Чешка не сака да прифати ниту еден од 450 баратели на азил, кои се спасени од рибарскиот брод во Средоземното море и чекаат дозвола за влез во Европа.
Бабиш рекол дека прифаќањето на некои од патниците спасени од рибарскиот брод ќе значи „пат до пеколот“ и дека со тоа ќе се мотивира криумчарењето на луѓе.
„Нашата земја нема да прими ниту еден мигрант“, наведе Бабиш на Твитер.
Тој додаде дека на бродовите кои пренесуваат мигранти треба да им биде забранет влезот, пренесува АП.
„Мора да им помогнеме на мигрантите во нивните земји, надвор од Европската унија“, порача чешкиот премиер.
Италија претходно одобри влез на два воени бродови кои спасиле мигранти, додека членовите на ЕУ не се договорат за респределувањето на мигрантите спасени во Медитеранот.
Во меѓувреме Малта, Фарнција и Германија соопштиле дека ќе преземат по 50 мигранти, односно 150 од 450 кои се превезувале со овој брод.