Свет 02. април 2020. / 16:06

Азиските земји се соочуваат со можен втор бран инфицирани од Ковид-19

Азиските земји се соочуваат со можен втор бран инфицирани од Ковид-19

Азиските земји кои почнаа да забележуваат намалување на бројот на заболени и починати од Ковид-19  сега се соочуваат со евентуален втор бран поради луѓето што побрзаа да се вратат дома.

Поради зголемувањето на заболени случаи повеќе азиски земји сега донесоа далеку построги мерки.

Тешко е да се знае како секојдневниот живот може да се врати во нормала сè додека не се појави вакцина и се додека владите не знаат на какви ниво е имунитет на населението, смета доцент Џејсон Киндрачук и претседател на истражувачкиот оддел за медицинска микробиологија и заразни болести на Универзитетот Манитоба.

Една од првите погодени земји од вирусот, Хонгконг ги затвори училишта и некои згради и паркови, но никогаш не беа целосно затворени.

Земјата забрани влез за странци, ограничи собири, го зајакна тестирањето, отвори карантински центри и изрече затворски казни за непочитување. Нараквиците за следење обезбедуваат луѓето задолжително да се изолираат и да не ги напуштаат своите домови.

Сингапур, исто така, се смета за пример со најдобри практики, но се соочува со потенцијален втор бран. Сите четири смртни случаи во Сингапур и повеќе од 60% од  околу 1.000 потврдени случаи се во изминатите три недели.

Сингапур воведе казни и затворски казни за кршење на налози за престој во домашни услови, ги забрани сите меѓународни краткорочни посетители и транзити и ги откажа масовните собири.

Дневните извештаи во Јапонија покажуваа бавен раст на бројот на заболени во текот на јануари и февруари, и не достигна повеќе од 50 до минатиот месец. И покрај тоа Токио пријави рекордно голем број на случаи во четирите последователни денови на крајот на март.

Јужна Кореја се соочи со загрижувачки бројки но со агресивно спроведување на мерките воспостави контрола. Меѓутоа, поради стравувањата од втор бран, некои здравствени експерти бараат земјата да ја продолжи забраната за влез на странци.

Во Кина каде што првично се појави вирусот поради кој починаа илјадници луѓе останува загриженоста поради луѓето кои се вратиле дома од странство и странците. Ограничувањата се укинати во Хубеи, но низ целата земја движењата на луѓето се управувани од здравствен апликација на нивните мобилни телефони.

Десетици нови случаи се пријавуваат секојдневно во Кина, скоро сите увезени. Сепак, постојат обвинувања за прикривање на реалната состојба во земјата.