Свет 17. август 2018. / 14:28

Азилантите во Австрија мора да докажат дека се хомосексуалци

Азилантите во Австрија мора да докажат дека се хомосексуалци

Австриските власти очекуваат мигрантите кои бараат азил по однос на сексуалното определување, тоа и да го докажат.

Тоа претставува сериозно барање за азил, за тинејџер од Авганистан, бидејќи тој „не оди, не се облекува и не се однесува како хомосексуалец“.

Момчето побарало азил во Австрија, бидејќи, како што тврди, стравува од прогон во својата држава поради своето сексуално определување.

Австрискиот весник „Дер Фалтер“ објави дека имиграциониот службеник го одбил неговото барање.

„Начинот на кој одите, се однесувате и се облекувате не покажува ни најмалку дали сте хомосексуалец“, стои во текстот.

Службеникот тврди дека кај тинејџерот се забележувало потенцијал за агресија, што не очекувал дека тоа ќе го види кај хомосексуалец, а тоа го забележал кога момчето се расправало со другите лица кои бараат азил.

Тој навел дека тинеџерот „нема многу пријатели и дека сака да го поминува времето сам или во мали групи“, па се запрашал „Хомосексуалците не се многу друштвени?“.

Тинејџерот изјавил дека за својата хомосексуалност станал свесен на 12 години, но службеникот тоа не го прифатил со образложение дека тое е „неверојатно и многу рано, имајќи го предвид авганистанското општество, каде не постои јавна сексуална стимулација низ модата и рекламите“.

„Дер Фалтер“ наведува дека тинејџерот, кој во Австрија дошол како малолетник, ќе се жали на одлуката на локалните власти.

Австриското министерство за внатрешни работи наведува дека во последните две години разгледало околу 120.000 барања за азил.