Светската економија ќе потоне во мрачни времиња без слободна трговија, предупреди директорот на Светската трговска организација (СТО), Роберто Азеведо.
-Доколку СТО и системот за глобална трговија се изгубат од вид, ние ќе бидеме во мрачни времиња, го тврдам тоа- порача Азаведо во говор на состанокот на Светскиот економски форум во Давос.
Слично беше и предупредувањето на Европската комесарка за трговија, Цецилија Малмастром.
-Има земји кои делуваат по сопствено убедување, ги игнорираат глобалните правила и го потопуваат системот на глобалната трговија- рече таа.
Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, почна на 22 јануари, а завршува денеска.