Во согласност со договорот за прекин на огнот потпишан меѓу Азербејџан и Ерменија со посредство на Русија, ерменските сили и народот го напуштаат градот Агдам, а во исто време азербејџанските безбедносни сили се стационираат во овој град.
Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат дека оклопни возила на азербејџанската армија се движат кон Агдам и ги пречекуваат Азербејџанци додека минуваат низ населените места.
Во меѓувреме, ерменската армија, повлекувајќи се од регионот Агдам, ги запали полициската станица и другите згради и контролни пунктови што ги користеше, пренесува агенцијата Анадолија.
На снимките се гледа и густ чад над позициите што ги користела ерменската армија.
Ерменија и Азербејџан минатата недела постигнаа договор за ставање крај на конфликтот во Нагорно Карабах.