Свет 08. ноември 2020. / 11:05

Азербејџанската армија го ослободи градот Шуша по 28 години ерменска окупација

Азербејџанската армија го ослободи градот Шуша по 28 години ерменска окупација

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, во неделата објави дека армијата на Азербејџан го ослободила градот Шуша, кој беше заробен на 08 мај 1992 година од ерменските сили.

-По 28 години, азербејџанската армија официјално го ослободи градот Шуша од ерменската окупација, изјави Алиев на националната телевизија.

Претходно изутрината беа објавени тешки борби во Шуша, а Азербејџан го гранатираше Степанакерт, главниот град на регионот.

Со контролата врз Шуша, азербејџанските сили се во поволна позиција да го нападнат блискиот, во долината град Степанакерт.