Свет 11. август 2020. / 15:07

Автомобилската индустрија во ЕУ произведе 2,4 милиони помалку возила

Автомобилската индустрија во ЕУ произведе 2,4 милиони помалку возила

Европската автомобилска индустрија се најде во исклучително тешка состојба во услови на пандемија на коронавирус.

Производителите на возила мораа да ги затворат своите центри за развој и производните места во ЕУ во просек за 30 работни дена,  а тоа доведе до загуби во производството на повеќе од 2,4 милиони моторни возила досега.

И ако гледаме напред, продажбата на автомобили се очекува да се намали за рекордни 25% во 2020 година.

Ова го објави Европското здружение на производители на автомобили (ACEA), кое го објави својот годишен Извештај  во кој се дава преглед на автомобилската индустрија во ЕУ со најновите податоци.

Автомобилскиот екосистем обезбедува вработување за 14,6 милиони Европејци, што претставува 6,7% од вкупното вработување во Европската унија. Со 2,7 милиони луѓе кои работат на производство на возила во 226 фабрики во ЕУ, автомобилската индустрија учествува со 8,5% од вкупното производство во регионот.

Речиси 18 милиони возила беа произведени во Европа во 2019 година, што претставува 20% од светското производство на возила. Во светот беа извезени 5,6 милиони возила, што резултираше со трговски суфицит од 74 милијарди евра за ЕУ ​​минатата година.