Свет 19. ноември 2019. / 12:38

Автомобилите во Холандија поради загадувањето ќе возат до 100 километри на час

Автомобилите во Холандија поради загадувањето ќе возат до 100 километри на час

Холандија планира да ги намали брзините на автопатите од 130 на 100 километри на час во обид да ги намали емисиите на стакленички гасови, пренесува „Фајненшл тајмс“

Во таа мерка, Холандија официјално ќе стане земја со најмала дозволена брзина во Европската унија.

Премиерот Марк Руте рече дека холандската влада ќе преземе непопуларна мерка и исто така  ќе ги намали емисиите на азот произведени од сточарската индустрија за да се постигнат целите на животната средина.

Автомобилите ќе можат да возат со сегашното ограничување на брзината помеѓу 7  часот навечер и 6 часот наутро.

Судовите во Холандија забранија изградба на 18.000 инфраструктурни проекти и околу 75.000 домови најавени за следната година, бидејќи државата досега не беше во можност да го намали загадувањето под својата годишна цел.