Најмалку осум лица загинаа, а 12 се повредени при напад на бомбаш самоубиец врз контролен пункт во провинцијата Анбар во Ирак.
Генерал-мајор Касем ал-Дулами за агенцијата АП изјавил дека напаѓачот со автомобил бомба влетал во контролниот пункт, каде што заедно работеле припадници на ирачката армија и милициите поддржани од владата.
Бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи неколку повредени се во критична состојба, информира „Ројтерс“.