Свет 20. мај 2019. / 10:11

Автобуска несреќа во Германија – еден загинат и над 60 повредени

Автобуска несреќа во Германија – еден загинат и над 60 повредени

Една жена загина, а повеќе од 60 се повредени, од кои седуммина потешко, во автобуска несреќа во близина на Лајпциг, источна Германија, соопшти полицијата.

Несреќата се случи синоќа на автопатот А9 во близина на Лајпциг. Се уште не е позната причината за несреќата. Во автобусот имало 75 лица, изјави портпаролот на локалната полиција.

Полицијата се сомнева дека возачот заспал и дека тоа е причината за несреќата.

Утрово е завршен увидот, а превртениот автобус е тргнат од местото на несреќата.

По речиси 12 часа, автопатот повторно е пуштен во редовен сообраќај.

Автобусот на компанијата Фликсбус возел кон Минхен.