Свет 22. ноември 2018. / 19:32

Автобус полн со патници излета од пат – 16 лица загинаа

Автобус полн со патници излета од пат – 16 лица загинаа

Шеснаесет лица загинаа, а 20 се повредени во тешка несреќа која што се случи денеска во Непал, откако автобус полн со патници излетал од планински пат, пренесе АП.

Спасувачите имале потешкотии поради недостигот од осветлување и непристапноста до местото на несреќата, но, сепак, успеале да ги извадат телата, а повредените да ги пренесат во болница.

Причината за несреќата сé уште не е позната, но агенцијата напоменува дека во Непал најчестата причина за сообраќајни несреќи се неисправните возила.

Непалскиот владин претставник, Караунакар Авасти, изјави дека веројатно станува збор за откажување на сопирачките на возилото.