Свет 02. ноември 2018. / 14:32

Автобус падна во река во Кина – 13 лица загинаа (ВИДЕО)

Автобус падна во река во Кина – 13 лица загинаа (ВИДЕО)

Кавга помеѓу патниците и возачот доведе до пад на автобус од мост во реката Јангце во Југозападна Кина, каде загинаа 13 лица.

Бројот на жртви може да биде поголем, бидејќи две лица се водат за исчезнати.

На видеоснимката од осум секунди се гледа како патник се расправа со возачот, по што автобусот ја менува насоката на движење и паѓа во реката.