Свет 08. јули 2018. / 10:54

Австрискиот министер за внатрешни: Нема да преземеме ниту еден бегалец

Австрискиот министер за внатрешни: Нема да преземеме ниту еден бегалец
epa06676389 Austrian Interior Minister Herbert Kickl delivers a statement ahead of the weekly cabinet meeting at the Austrian Chancellery building in Vienna, Austria, 18 April, 2018. EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Австрискиот министер за внатрешни работи Херберт Кикл и порача на Германија дека Австрија нема да преземе ниту еден бегалец од земјата.

– Ние нема да преземеме никој за кого не сме надлежни и точка, нагласи Кикл, реагирајќи на изјавата на неговиот германски ресорен колега Хорст Захофер, дека ќе ја натера Австрија да го прифати договорот за реадмисија за масовно враќање од границите.

Тој наведе дека со Зехофер остварил два разговори и дека било ветено дека нема да се враќаат бегалците.

– Меѓутоа, за се да биде јасно, договор кој би бил на штета на Австрија нема да потпишеме ниту за 100 години, потенцираше Кикл.

Тој најави дека Австрија во иднина ќе ја зголеми контролата на јужната граница.

– Ние го пренесуваме притисокот понатаму со цел еден ден да бидеме онаму каде што е местото на проблемот, а тоа е на надворешните граници на Европската унија, објасни Кикл.