Свет 08. ноември 2019. / 22:38

Австриски офицер во пензија обвинет дека шпионирал за Русија

Австриски офицер во пензија обвинет дека шпионирал за Русија

Австриското обвинителство покрена обвинение против 71-годишен пензиониран офицер на австриската војска поради шпионажа. Австрискиот офицер е обвинет дека најмалку 25 години шпионирал за руската воена разузнавачка служба.

Полковникот во пензија е обвинет за кривично дело дејствување во корист на странска разузнавачка служба на штета на Австрија, како и за издавање државни и воено-разузнувачки тајни.

Истрагата покажала дека во 1987 година е остварен првиот контакт на офицерот со руската служба ГРУ. Тој, за време на своето дејствување, издавал тајни за оружените воени системи, задачи и структури за одбрана на земјата.

Според обвинението, офицерот за својата шпионска активност, дури и по пензионирањето, добил повеќе стотина илјади евра.