Свет 25. ноември 2019. / 12:02

Австриската војска е пред колапс, предупредува министерот за одбрана

Австриската војска е пред колапс, предупредува министерот за одбрана

Австрискиот министер за одбрана Томас Старлингер испрати остро предупредување за финансиската состојба на австриската војска и повторно  на тапет ги стави неодговорните политичари.

– Војската се наоѓа пред својот гроб, а нејзините гробари не ја загрозуваат масовно само безбедноста на населението, туку и работните места. И покрај тешката ситуација во која војската се наоѓа, за тоа не се свесни сите носители на политички одлуки – изјави Старлингер на собир на друштво на офицери во Санкт Пелтен.

Старлингер смета дека во следните неколку недели ќе се одлучува за конечната судбина на армијата.

–  Гробарите на војската во пресрет на коалициските договори веќе изјавија дека е доволно војската да добие за 400 милиони евра повеќе – критукуваше министерот за одбрана, истакнувајќи дека со тоа се загрозува безбдноата на Австрија.

Старлингер побара, доколку не постои политичка волја правилно да се опреми војската, тогаш на граѓаните јасно да им бидат изложени сите последици.

Старлингер додаде дека тогаш треба и Членот 79 од Уставот на Австрија соодветно да се примени и од него да се исфрли воената заштита на граѓните.

– Исто така треба да се промени и името на војската во „техничка помошна служба“ – изјави Старлингер.

Откако стана министер за одбрана, Старлингер постојано укажува на драматичната финансиска состојба на војската. Тој во повеќе наврати наведе дека армијата веќе не е во состојба да се грижи за безбедноста на земјата, но и дека е се помалку во можност да помага при елементарни несреќи.