Свет 21. мај 2019. / 22:15

Австрија ѝ зададе тежок удар на нарко мафијата од Балканот

Австрија ѝ зададе тежок удар на нарко мафијата од Балканот

Сојузната криминалистичка служба на Австрија ѝ задала тежок удар на меѓународна нарко-мафија главно сочинета од луѓе од Србија и Црна Гора.

Во акцијата биле уапсени 14 осомничени лица и запленета е дрога вредна 8,6 милиони евра.

Кај осомничените се најдени околу 112 килограми кокаин, 71 килограм амфетамини, 25 килограми марихуана и други наркотици.

Како што соопшти полицијата, станува збор за мафијашка група со врски сѐ до Јужна Америка, од каде го добивале кокаинот.

Истрагата низ Европа, под раководство на австриската полиција, уште во 2017 ѝ влегла во трага на српско-црногорската група, која ја следела со месеци.

Во септември таа година во Германија биле уапсени пет члена на мафијашкиот клан, а минатата година во мај во Франција, врз основа на информации од австриската полиција, локалните власти уапсиле уште еден осомничен.

Воведот во сегашното „големо финале“ на полициската операција се случил на почетокот на годината кога, како што сега е соопштено, во координирана акција биле уапсени уште осум лица.

Австриските медиуми укажуваат на врската меѓу нелегалните активности на мафијашката група и убиството на Владимир Рогановиќ и ранувањето на Стефан Вилотијевиќ во центарот на Виена.

Тројцата главни дилери, кои се уапсени, имале директен контакт со едно од овие две лица.