Свет 15. март 2020. / 14:43

Австрија забрани собирање на повеќе од пет луѓе на едно место

Австрија забрани собирање на повеќе од пет луѓе на едно место

Во обид да спречи ширење на новиот коронавирус, властите во Австрија забранија собирање на едно место на повеќе од пет луѓе.

Од вторник се затвораат и ресторантите во државата.

– Австријанците ги повикуваме на самоизолација. Тоа значи контакти само со луѓето со кои живеат, нагласија претходно од Кабинетот на канцеларот Себастијан Курц.