Свет 18. јануари 2019. / 14:06

Австрија: Сите насилни мигранти ќе бидат депортирани

Австрија: Сите насилни мигранти ќе бидат депортирани

Министерот за внатрешни работи на Австрија, Херберт Кикл размислува за драстични мерки против насилните мигранти.

Тој истакнува дека Австрија, после убиствата на неколку жени, се наоѓа во вонредна ситуација и оти е подготвен за дебата околу насилните баратели на азил и разбивањето на табу темите.

Кикл објаснува дека клучната точка на неговото размислување е дека оној кој не може да биде протеран треба да биде “врзан за една локација“.

„Тоа што беше посеано во 2015 година, сега цвета“ – критикуваше Кикл изјавувајќи дека има намера со план од три точки да делува против негативните ефекти.

Во изјава за виенскиот дневник „Кронен цајтунг“ Кикл изјави дека има намера да направи нов договор за реадмисија со Сирија. Доколку тоа трае предолго Кикл има намера да ги протера мигрантите кои се насилни во таканаречените Трети земји. „И околу оваа варијанта веќе се работи во Министерството“ – објаснил тој.

Доколку не успее договорот околу протерувањето, насилните мигранти не би требало повеќе да можат слободно да се движат во Австрија.

-Ние ќе ги врземе тие лица за една локација. Така, на пример, размислувам и за една транзитна зона на аеродромите. Од каде сите тие ќе бидат депортирани назад во нивните земји – порачува Кикл.