Во Австрија се воведуваат построги мерки кои вклучуваат затворање на малопродажните објекти и натамошни ограничувања на социјалните контакти, објавија австриските медиуми, известувајќи дека во земјата е забележан нов рекорд од 9.586 новоинфицирани со коронавирус во претходните 24 часа.
„Преседателот и заменик претседателот на Владата, Себастијан Курц и Вернер Коглер, министерот за надворешни работи Карл Нехамер и министерот за здравство Рудолф Аншобер ќе им се обратат на граѓаните во сабота за да ги информирааат за новите мерки“, пишува на веб-страницата на дневниот весник Oberösterreichische Nachrichten од Линц.
Како што понатаму пишува весникот, комисијата за следење на мерките и развојот на пандемијата препорачала премин кон т.н. „целосно затворање“, што вклучува затворање на малопродажни објекти кои не се клучни за основното снабдување на граѓаните, како и услужните објекти.
Во моментов во Австрија на сила е полициски час, кој важи од 20 до 6 часот наутро.