Владата на Австрија започна да подготивува мерки за заштита на јужната граница на земјата, се наведува во денешното заедничко соопштение на австрискиот канцелар Себастијан Курц, вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе и шефот на дипломатијата Херберт Кикл.
Во документот се наведува дека Виена очекува разјаснување на ставот на Германија, откако двете владејачки партии – Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел и Христијанско социјалната унија (ЦСУ) на министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер синоќа постигнаа договор за политиката кон азилантите и за отворање на транзитни центри на границата со Австрија.
Тројцата австриски лидери посочуваат дека Владата на Австрија е „подготвена за сите сценарија“.
– Договорот меѓу ЦДУ и ЦСУ укажува на тоа дека Грманија ќе предложи национални мерки за спречување на мигрантскиот бран. Ако тој договор стане и став на германската Влада, тогаш ќе бидеме принудени да дејствуваме за да ги спречиме негативните последици по австриското население. Австриската Влада е поодготвена да преземе мерки, пред се, на јужната граница, се наведува во соопштението.
Според Виена, германските размислување уште еднаш покажуваат колку е важна заедничката европска заштита на надворешните граници и ја потврдуваат позицијата на Австрија дека Европа без внатрешни граници може да функционира само при функционални надворешни граници.