Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер најави поддршка за заштита од мигрантски бран кон Европа, откако илјадници мигранти се собраа на границата меѓу Грција и Турција.
Поради моменталната состојба на турско-грчката граница, Немахер во разговор со унгарскиот колега Шандор Пунтер се согласи Австрија да испрати полицајци на унгарско-српската граница.
Во првиот контингент ќе бидат испратени 19 полицајци, а подоцна и две полициски кучиња ќе бидат дел од мисијата што треба да ги поддржува унгарските власти во одбраната на надворешната граница на ЕУ.