Свет 06. март 2019. / 12:01

Австрија ќе ја укине конзуларната заштита за борците на Исламската држава

Австрија ќе ја укине конзуларната заштита за борците на Исламската држава

Владата на Австрија има намера да ја усвои реформата на законот за конзуларни работи со цел да се укине конзуларната заштита за борците на исламската држава.

На лицата кои со влегувањето и враќањето во земјата можат да  го загрозат јавниот ред и безбедност  може да им се укине помошта, се наведува во барањето на Министерството за внатрешни работи.

Министерот за внатрешни работи на Австрија Херберт Кикл јасно нагласи дека борците повратници од Исламската држава го изгубиле секое право на заштита и дека тука мора да се остане доследен.

Според неговите зборови борците на исламската држава се темпирани бомби.

Секој оној кој ќе и се приклучи на терористичката организација го губи правото на помош од Австрија иако е австриски државјанин, истакнал Кикл.