Австрија им се приклучува на земјите членки на ЕУ кои соопштија дека ќе го признаат Хуан Гваидо , доколку владата не распише нови претседателски избори, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Тој на Твитер напиша дека имал многу добар телефонски разговор со претседателот Гваидо и дека тој ја има целосната поддршка на Австрија за обнова на демократијата.
,Доколку претседателот на Венецуела, Николас Мадуро не одговори на повикот на ЕУ да распише слободни и чесни претседателски избори, ќе го признаеме и ќе го поддржиме Гваидо за претседател, порача Курц.
Европските земји меѓу кои Германија, Франција, Шпанија и Британија и поставија на владата на Мадуро осумдневен ултиматум да распише нови претседателски избори, а во спротивно, како САД и други земји, ќе го признаат Гваидо за претседател.