Австрија нема да ги продолжи рестриктивните мерки и ограничувања на слободата на движење по 30 април.
Општите мерки истекуваат на крајот на април – рече министерот за здравство Рудолф Анскер.
Тој додаде дека до 10 лица ќе им биде дозволено да се соберат и главниот услов ќе биде да се почитуваат правилата за далечина.
Бројот на луѓе заразени од коронарна вирус достигна 15.227, а досега починаа 549 лица.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц вчера изјави дека не може да вети дека преку ноќ се ќе биде по старо, , но дека ќе стори сé што е можно да им ја врати слободата на граѓаните, што им била одземена поради борбата против Ковид-19.
Тој посочи дека вирусот претставува голем предизвик за Австрија, но верува оти овој пат, како и од претходните кризи, ќе излезат појаки.
Тој рече дека граѓаните би можеле да се радуваат бидејќи земјата го избегна сценариото како во Италија, Франција или Шпанија, па затоа им се заблагодари на сите австриски граѓани за дисциплината и почитта кон државните мерки.