Свет 06. мај 2020. / 12:48

Австрија ги продолжи граничните проверки до крајот на мај

Австрија ги продолжи граничните проверки до крајот на мај

Австриските власти  денеска информира дека земјата ги продолжува граничните контроли до 31 мај поради пандемијата на корона вирус. Ова е трет пат како се продолжува оваа мерка од почетокот на кризата.

Проверките се поврзани со границите со Германија, Италија, Швајцарија, Лихтенштајн, Словачка и Чешка.

Граничните контроли во соседната земја Германија неодамна беа продолжени до 15 мај поради истите ризици.