Свет 05. мај 2020. / 09:33

Австрија донира 31 милион евра за развој на вакцина против корона вирусот

Австрија донира 31 милион евра за развој на вакцина против корона вирусот

Австрија најавио дека ќе обезбеди околу 31 милион евра на меѓународната донаторска конференција за собирање средства за развој на вакцина против корона вирусот.

Оваа донаторска конференција е во организација на ЕУ.

Ќе ја победиме оваа борба и нашата економија повторно ќе заживее само ако заеднички успееме да развиеме ефикасна вакцина или лек за корона вирусот – истакна австрискиот канцелар Себастијан Курц.

На донаторската конференција се собрани 7,4 милијарди евра.

Пред конференцијата, германската канцеларка Ангела Меркел, која беше коорганизатор, рече дека е потребно да се соберат седум милијарди евра за развој на вакцината.