Жителите на Сиднеј не може да го напуштат градот и да патуваат во другите делови од Австралија, откако сојузните држави и територии во државата почнаа да ги применуваат забраните за влез на жители на Сиднеј поради зголемувањето на случаите на корона вирус.
Авиокомпаниите ги откажаа летовите што го напуштаат аеродромот во Сиднеј од полноќ по локално време.
Во градот изминатата недела се евидентирани 83 случаи на заразени со корона вирус, сите поврзани со еден дел од Сиднеј.