Свет 09. март 2021. / 16:03

Австралискиот министер за здравство заврши во болница два дена по примање на вакцина против Ковид-19

Австралискиот министер за здравство заврши во болница два дена по примање на вакцина против Ковид-19

Грег Хант, министерот за здравство на Австралија, заврши во болница два дена по вацинирањето, поради сомнеж дека е заразен со коронaвирусот.

Хант ја примил вакцината на „Астразенека“ во неделата, а денес е хоспитализиран под сомнение дека се заразил, јавуваат локалните медиуми.

-Неговата здравствена состојба не е поврзана со вакцината, објави кабинетот.

Хант е третиот член на австралиската влада на лекување, по министерот за одбрана Линда Рејнолдс и главниот обвинител Кристијан Портер.