Свет 05. април 2020. / 11:45

Австралијците оптимисти дека забавува ширењето на епидемијата

Австралијците оптимисти дека забавува ширењето на епидемијата

Неколку австралиски здравствени функционери изјавија дека се „претпазливо оптимистични“ кога станува збор за забавување на ширењето на корона вирусот во земјата, но предупредија дека ограничувањата за социјална дистанца треба да останат во сила со месеци.

Министерството за здравство соопшти дека бројот на потврдени случаи на корона вирусот во изминатите 24 часа се зголемил за 181, што значи дека вкупно 5.635 лица се зафатени од епидемијата, додека вкупно 34 починале.

Ова укажува на тоа дека дневната стапка на заразени е под пет проценти, а директорот за здравствена заштита на Нов Јужен Велс, Џереми Меканулти, вели дека постои надеж дека кривата почнала да се израмнува.

Сепак, министерот за здравство Грег Хант предупреди дека и покрај добрите знаци, Австралијците, сепак, треба да држат растојание од другите луѓе во наредните шест месеци.

– Ова е тежок шестмесечен период што треба да го поминеме – изјави Хант за „Скај њуз“ во Австралија.