Свет 11. декември 2020. / 12:22

Австралија за сега нема да ја одобри вакцината против Ковид-19

Австралија за сега нема да ја одобри вакцината против Ковид-19

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави денеска дека неговата Влада нема да брза да ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ против коронавирусот затоа што сака Австралијците да веруваат во вакцината.

Тој рече дека Австралија е во поинаква позиција од Велика Британија, која ја одобри вакцината и нејзината употреба по итна постапка и од Соединетите држави, кои се близу до одлуката за употреба на вакцината, пренесува АП.

Морисон додаде дека сака Австралијците да имаат апсолутна целосна доверба дека ќе ја примат вистинската вакцина во вистинско време.

Вакцината се очекува да биде одобрена до крајот на јануари, а почетокот на вакцинацијата до март.