Свет 16. април 2020. / 16:07

Австралија ќе ги одржува рестриктивните мерки уште најмалку еден месец

Австралија ќе ги одржува рестриктивните мерки уште најмалку еден месец

Рестриктивните мерки за спречување на ширењето на корона вирусот во Австралија ќе останат во сила уште најмалку четири недели.

Како што соопшти премиерот, Скот Морисон, државните органи ќе го прошират тестирањето во текот на мај, ќе го подобрат капацитетот за следење на контактите на заразените лица и ќе планираат одговор на секоја понатамошна локална епидемија.

Морисон истакна дека очекува овие три чекори да бидат завршени за околу еден месец и дека Австралија потоа ќе размисли за олеснување на ограничувањата што вклучуваат намалување на движењето на граѓаните и затворање на училишта, рестораните и пабовите.