Свет 02. јули 2018. / 14:33

Австралија ја прекинува помошта за палестинските територии

Австралија ја прекинува помошта за палестинските територии

Австралиската Влада донесе одлука да ја прекине директната помош за палестинските автономни власти, бидејќи смета дека тие донации би можеле да завршат во рацете на Палестинците осомничени за поттикување политички мотивирано наслилство, соопшти денеска австраликсата министерка за надворешни работи Џули Бишоп.

Бишоп нагласи дека Австралија ја донела ваквата одлука откако палестинските автономни власти не одговориле на нејзиното барање од крајот на мај за гаранции дека „австралиските пари нема да се трошат за тоа за што не се наменети“.

Според Бишоп, продолжувањето на доделувањето на директна финансиската помош за Палестинците би и им овозможило на палестинските власти да ги користат средствата за активности кои „Австралија ниогаш не би ги поддржала“.

Средствата во износ од 7,4 милиони долари, што Авсралија досега ги донираше за Палестинците, ќе бидат пренасочени на сметка на Хуманитарниот фонд на ОН, кои потоа ќе бидат наменети за реализација на програми на Светската организација за здравствена заштита и обезбедување на храна и вода за палестинските територии.