Свет 18. декември 2019. / 16:45

Австралија го имаше најтоплиот ден откако се води статистика за измерените температури

Австралија го имаше најтоплиот ден откако се води статистика за измерените температури

Вчера беше најтоплиот ден во Австралија откако се води статистика за измерените температути. Просечните температури во земјата беа 40,9 степени Целзиусови, соопштија од австралиската Метеоролошка служба.

Претходниот рекорд беше во јануари 2013 година кога беа измерени 40,3 степени Целзиусови.

Најтоплото место во Австралија беше Седуна, во јужниот дел на земјата, со измерена температура од 46,5 степени Целзиусови. Сепак, според овој индикатор (најжешкото место во земјата за еден ден), рекордот не е срушен и најжешкото место во Австралија, откако се води статистика, се уште е градчето Едем во јужниот дел на земјата, каде што на 2 јануари 1960 година биле измерени 50,7 степени Целзиусови,

Метеоролозите за тоа место сега прогнозираат температури до 47 степени за наредните три дена.

Се очекува температурите во долината Оук во Југозападна Австралија утре да достигнат 49 степени.