Свет 07. август 2018. / 11:23

Австралија достигна до рекордни 25 милиони жители

Австралија достигна до рекордни 25 милиони жители

Бројот на жители во Австралија достигна рекордни 25 милиони, скоро деценија пред предвидениот рок, со оглед на фактот дека оваа земја привлекува стотина илјади мигранти годишно.

Според податоците на владата, секоја минута во Австралија пристигнува по еден жител, со што се зголемува побарувачката за домови и автомобили, а тоа го зголемува богатството на земјата, пренесува Ројтерс.

Според австралиското биро за статистика, за три години, бројот ќе се зголеми на 26 милиони. Од друга страна, тоа влијае на економскиот и социјален фактор, а особено се чувствува разликата во растот на платите. Исто така, 62 отсто од растот на населението е од миграцијата, а само 38 отсто од домашното население.