Авионот кој остана без тркала при полетувањето од „Тетерборо“ аеродромот, по две пренасочувања и откако потроши голем дел од горивото слета на аеродромот „Стеварт“ во Ну Виндсор, Њу Јорк.
Во авионот се превезувал и американскиот рапер Пост Малон.
Станува збор за авионот „Голфстрим“, кој главно се користи за приватни и бизнис-летови. Во него имало 16 луѓе.