Свет 02. февруари 2020. / 20:55

Авион со Срби од Вухан слета во Франција – ставени се во карантин

Авион со Срби од Вухан слета во Франција – ставени се во карантин

Српските државјани кои синоќа беа евакуирани вечерва од Вухан, епицентарот на инфекција со коронавирус, денес слетаа во Франција. Четворица српски државјани од кинескиот град Вухан, пристигнале во Франција, изјави денеска министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Тој за Танјуг изјави дека не биле заразени по направените прегледи, пред да се качат во авионот.

Со претходна согласност со Франција, тие ќе останат во карантин 14 дена, рече министерот.

Тој додаде дека уште двајца граѓани останале во Вухан, кои не сакале да заминат. Амбасадата во Пекинг е во постојан контакт со нив, рече Дачиќ.

Авион со 250 француски и други европски граѓани се евакуирани од кинескиот град Вухан и слетале денес во воената база во Истре во јужна Франција, јави телевизијата БФМ.

Државниот секретар за заштита на децата, Адриен Так, изјави пред новинарите дека околу 65 француски државјани ќе бидат ставени во карантин во одморалиштето „Кари ле Ру“ во јужна Франција ил во центарот за обука на пожари во близина на Ео Ен Провенс.

Според информациите што се моментално достапни, во авионот имало 245 лица – 65 Французи и 180 странци, вклучувајќи ги четворицата Срби и голем број деца.