Дваесет и едно лице загинаа при уривањето на преполн патнички вион во Јужен Судан, соопштија властите.
Министерот за информации Табан Абел Агуек за „АП“ изјавил дека авионот со 19 седишта на „Бејби аир“ патувал од главниот град Џуба до Јирол.
Властите ја истражуваат причината за уривањето.
Меѓу трите преживеани лица се шестгодишно дете, возрасен човек и доктор од хуманитарна организација од Италија, кој е во тешка состојба.