Свет 09. март 2019. / 21:10

Авион принудно слета поради сомнеж за пожар, патниците евакуирани

Авион принудно слета поради сомнеж за пожар, патниците евакуирани

Еден патнички авион принудно слета на аеродромот во Њу Џерси поради сомнеж за пожар, а патниците се евакуирани.

Американската федерална управа за цивилно воздухопловство соопшти дека авионот бил на пат од Монтреал до Форт Лодердејл на Флорида, кога е пријавена можност за пожар во товарниот дел, и бил пренасочен на аеродромот во Њу Џерси, во 8.30 часот по локално време.

Боинг 737 слетал и останал на пистата додека аеродромските пожарникари реагирале, а патниците се евакуирани на пистата. Нема повредени.