Авион од периодот на Втората светска војна се распадна во двор на куќа во Лонг Ајленд, а пилотот загина.
Несреќата се случи во средата попладнето, а во авионот за време на несреќата се наоѓал само пилотот.
Како што наведуваат тамошните медиуми, авионот оборил и неколку стебла, но за среќа не погодил ниту една куќа и никој на земјата не е повреден.
Fatal plane crash today in Melville, Long Island, NY. Shows nearby CFR operating. (Not our video) pic.twitter.com/3N7jxaOtxs
— FirefighterCloseCall (@TheSecretList) May 31, 2018
Се претпоставува дека авионот прво се распаднал во воздух, а потоа деловите почнале да паѓаат на земја, а на местото на падот избил и пожар кој многу брзо бил изгаснат.