Свет 25. февруари 2019. / 11:06

Авион морал пронудно да слета откако непознато лице влегло со opyжje во пилотската кабина

Авион морал пронудно да слета откако непознато лице влегло со opyжje во пилотската кабина

„Имам бoмбa“ викнал вoopyжен маж кон патниците во патнички авион, кој летал на редовната линија од градот Дака кон Дубаи.

Авионот 747 на компанијата Биман Бангладеш Ерлајнс со 142 патници полетал од главниот град Дака кон Дубаи. За сега неидентификуван маж во еден момент извадил opyжје и се обидел да влезе во пилотската кабина.

Набргу авионот бил принудно приземјен во градот Читагонг во Бангладеш .

Повеќето патници биле eвaкyирани, но киднaпeрoт останал внатре со еден член на екипажот.

Сите патници се на сигурно, соопштуваат од авиокомпанијата.