Свет 21. мај 2018. / 10:15

Авион мистериозно исчезнал од радарите додека летал над САД

Авион мистериозно исчезнал од радарите додека летал над САД

Авион исчезна од радарите додека летал над планината Балд во близина на градот Бенингтон во американската сојузна држава Вермонт.

Како што јавија американските медиуми, веднаш по исчезнувањето на леталото започната е потрага по него во која се вклучени локалната полиција и противпожарната служба.

Полицијата засега официјално не ја потврди информацијата за потрагата.

Во медиумските извештаи не се посочува за каков авион станува збор, ниту пак колку лица се наоѓале во него.