Свет 27. јуни 2018. / 20:04

Авион кој се сруши за малку ќе експлодираше – се слушаа крици за помош, а спасувачите вака помогнаа (ВИДЕО)

Авион кој се сруши за малку ќе експлодираше – се слушаа крици за помош, а спасувачите вака помогнаа (ВИДЕО)

Две лица загинаа кога во предградието на Детроит се сруши мал авион, кој при падот удрил во дрво и далековод.

Несреќата ја преживеало трето лице од авионот, 17-годишно момче кое се здобило со тешки изгореници. Тој е во критична состјба и префрлен е во болница.

Истражувачот за безбедност во воздушниот сообраќај, Ендрју Тод изјавил дека причината за несреќата засега не е позната.

Авионот требало да слта на малиот аеродром во Детроит кога пилотот пријавил дека има проблем.

„Фокс„ наведува дека пилотот велел дека „горивото му е на резерва или дека останува без гориво“.