Свет 28. септември 2018. / 09:39

Авион ја надлета пистата и заврши во водите на Пацификот (ВИДЕО)

Авион ја надлета пистата и заврши во водите на Пацификот (ВИДЕО)

Авион со 47 патници и членови на екипажот, ја надлета пистата и заврши во водите на Пацификот во Микронезија.

За среќа нема посериозно повредени во инцидентот, кој се случи на микронезискиот остров Чук.

На објавените видео снимки се гледа како патниците и екипажот се спасуваат од полупотонатиот брод и со чамци се превезуваат кон крајбрежејто.

Несреќата ја пријавиле локални мештани, кои за медиумите изјавиле дека авионот Боинг 737-800 летал прениско, ја надлетал пистата и го пробил пристаништето на островот, пред да слета во вода.

Не се познати причините за несреќата. Авионот полетал од Нова Гвинеја и бил сопственост на авиокомпанијата Ер Ниургини.

Микронезија се наоѓа северно од Австралија и има околу 100 илјади жители.