Авион на „JungSky“, приватна хрватска авиокомпанија со седиште во Загреб, синоќа на летот од Неапол до Антверпен, Белгија, при слетувањето на аеродромот во тој град, слетал на тревната површина зад пистата.
Никој не е повреден, а причина за несреќата е доцен „тачдаун“, објави хрватскиот портал за авијација.
Белгиската агенција за цивилно воздухопловство започна истрага, сите најавени летови до аеродромот во Антверпен синоќа беа пренасочени на аеродромот во Мастрихт по тој инцидент.
„Јунг Скај“ е основана во 2009 година, а возниот парк се состои од два авиони Цесна 525A CJ2 со кои компанијата лета до дестинациите низ Европа и Северна Африка.