Свет 18. мај 2020. / 16:15

Авиокомпаниите ги враќаат летовите: Еве каде и со која компанија може да се патува

Авиокомпаниите ги враќаат летовите: Еве каде и со која компанија може да се патува

Со олеснувањето на глобалните забрани за патувања, авиокомпаниите во Европа ќе се вратат на небото навреме за летниот период со до 400% повеќе меѓународни летови во јуни отколку во мај.

Европските авиокомпании особено се подготвуваат за целосно враќање по слободата за патување во Европа и очекуваат зголемување на побарувачката со повторното отворање на границите на континентот.

Германска „Луфтханза“ беше првиот европски превозник кој ги објави своите планови за летови по коронавирусот во јуни со 3.600 летови (1.800 повратни летови) неделно. За споредба, неделните летови во декември 2019 година беа 20.000, што подразбира враќање на 15-20% од стандардните планови за летање.

Луѓето сакаат и можат повторно да патуваат – вели извршниот директор Хари Хомеист, цитиран од „Форбс“.

Трите авиокомпании на групацијата, „Луфтханза“, „Свис“ и „Еуровингс“, ќе реализираат 70 меѓународни летови до средината на јуни. Ова е скоро 400% повеќе отколку во мај.

Распоредувањето на многу дестинации од страна на „Луфтханза“ се чини дека е малку како „бик пред порта“, со оглед на патните ограничувања (освен оние со важна природа) во многу европски земји.

Она што останува да се види е дали надворешните граници на ЕУ ќе бидат отворени на 15 јуни, отворајќи го патот за меѓународно патување за одмор и туризам во Европа. Сепак, некои превозници не сакаат да чекаат, пред да ги објават своите рани летни распореди. Но, поради тоа може да се каже дека се оптимисти.

Еве што можеме да очекуваме од секоја од нив со почетокот на летото:

„Брисел Ерлајнс“

„Брисел Ерлајнс“ објави дека ќе ги продолжи летовите на 15 јуни, на почеток со Германија, Швајцарија, Шпанија, Португалија и Грција. По „седум недели во хибернација“, маршутите почнуваат да се отвораат, во зависност од побарувачката и ограничувањата за патувања. Повеќе детали допрва треба да бидат објавени.

„Луфтханза“

Германскиот национален превозник е прилично амбициозен во својата желба да лета на 130 дестинации низ целиот свет до крајот на јуни. Интернет-резервациите веќе започнаа за над 100 дестинации во Германија и ЕУ за летови во првата половина на јуни.

Од Франкфурт, компанијата планира да лета кон Мајорка, Софија, Прага, Ница, Будимпешта, Даблин, Рига, Краков и Букурешт. Од Минхен летовите ќе бидат кон Брисел, Цирих, Мајорка и Виена.

Во втората половина на јуни се очекува да бидат додадени 20 подолги маршути, вклучувајќи летови до Хонг Конг, Лос Анџелес, Торонто, Дубаи, Мумбаи, Мексико Сити, Тел Авив и Јоханесбург.

Ова е исто така скок од скоро 400%, во однос на летовите до далечните дестинации во мај. Враќајќи се на нормално ниво, „Луфтханза“ ќе го удвои бројот на авиони што се користат во моментов од 80 на 160 во јуни.

Што да очекувате: Маските ќе бидат задолжителни во авионите на компанијата. Политиката за заштита може да се провери на веб-страницата на компанијата.

„Еуровингс“

Германскиот нискобуџетен превозник, кој е дел од „Луфтханза“ ќе почне да обслужува поголем број туристички дестинации во Европа на почетокот на летото. После двомесечна пауза, летовите кон Прага и другите дестинации започнаа во мај.

Од 18 мај веќе можат да се купат билети од Келн, Штутгарт и Минхен до Палма де Мајорка, иако забраната за патување во Шпанија останува и на островите има неколку отворени хотели.

Истото важи и за летовите од Дизелдорф кон Рим, со тоа што Италијанците сега добиваат зелено светло за патување. Во јунскиот распоред се вклучени и летови Ница-Мајорка. Од 18 мај компанијата ќе лета пет пати неделно кон Лисабон, каде сè уште има ограничувања на меѓународниот туризам и хотелите не се отворени.

Што да очекувате: Оние што сакаат да патуваат треба однапред да ги проверат забраните за патување во одделните дестинации пред да закажат летови низ цела Европа. Работите ќе се подобрат – особено по 15 јуни, кога ЕУ сака да ја врати слободата на патувањето во Европа.

Во меѓувреме, повеќето граници се сè уште затворени во Европа, што првично до одделни земји или региони. „Еуровингс“ тврди дека клиентите можат повторно да резервираат бесплатно „онолку колку што сакаат“, но само до 14 дена пред патувањето, што е тешко и многу корисно со оглед на динамиката со која се развиваат работите. Маски се задолжителни во авионот.

„РајанЕр“

„РајанЕр“ се крева побавно во воздух, но планира да продолжи со околу 40% од летовите од 1 јули, како и 90% од својот распоред до крајот на летото. Ова е околу 1.000 летови на ден. „РајанЕр“ веќе реализира летови од аеродромот Лондон Стенстед до Порто и Лисабон.

Според новите правила за заштита маските ќе бидат задолжителни. Патниците ќе треба да побараат дозвола од екипажот да го користат тоалетот.