Свет 28. август 2018. / 17:43

Авганистанските сили и Талибанците се судрија, голем број загинати

Авганистанските сили и Талибанците се судрија, голем број загинати

Во судирите што избувнаа помеѓу Авганистанските безбедносни сили и Талибанците загинаа или се повредени над 100 лица – вклучувајќи и милитанти припадници на безбедносните сили – во северната авганистанска покраина Фарјаб, јавува Anadolu Agency (AA).

Мухамад Тахир, претседател на Собранието на покраината Фарјаб за АА изјави дека околу 350 припадници на Авганистанската национална армија се нападнати од страна на Талибанците во подрачјето на Каисар.

Тахир истакна дека во настанатиот судир се убиени 90 бунтовници, а над 50 се повредени.

Од 209-от Шахин Корпус на Авганистанската национална армија соопштија дека загинале четири војници, а седум се повредени при размена на оган.

Се додава дека меѓу загинатите во воздушните и копнените операции во Каисар е и Кари Мухамед Ејуб, проталибански гувернер на соседната покраина Бадгис.

Портпаролот на Талибанците, Кари Јусуф Адмеди, преку Твитер истакна дека милитантната група убила „десетици“ војници и уништила неколку воени возила во местата Чахр Шунба и Чилгази.